Два италијански калчолигаши многу сериозни на лето да го купат Миовски од Абердин

Два италијански калчолигаши многу сериозно и внимателно го следат македонскиот репрезентативец Бојан Миовски и неговиот тимски другар од Абердин, Дук за да ги ангажираат на лето, објавија италијански медиуми, но и „Абердин Лајв“.

Станува збор за Болоња и Специја, кои ептен се загреани за да го донесат тандемот на Абердин, кој заедно даде 32 гола сезонава, од кои 17 се на Миовски во сите натпреварувања, а 15 во шкотски Премиершип и е трет стрелец моментно во најсилната лига во Шкотска.

Болоња посебно е заинтересирана и наводно е во предност, зашто Специја сѐ уште не е сигурна за опстанокот во Серија А, а плус на „Ренато Дал'Ара“ веќе игра еден екс-фудбалер на Абердин, Луис Фергусон кој во 2020 година дојде во италијанскиот калчолигаш.

Миовски многу брзо го сврте вниманието кон себе со настапите за Абердин, па изминатиов период веќе се појавија низа клубови кои имаа сериозен интерес од француски Ремс, како и римски Лацио, а и премиерлигашот Саутемптон, кој крои план за идната сезона, но моментно е во зона за испаѓање, па плановите во многу ќе зависат и од опстанокот во англиската елита.

Како ќе се приближува летото, многу извесно е дека уште низа клубови ќе се појават со интерес за Миовски.