Два гола на Андонова за Мадрид во Купот на Шпанија!

Најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова, денеска беше двоен стрелец за тимот на Мадрид во куп дуелот против Хуевла кој го добија со 7-1.

ЖФК Мадрид се пласираше во осминафиналето од Купот на Кралицата откако лесно ја мина Хуевла и тоа на гостински терен.

Наташа Андонова ја отвори серијата погодоци со гол уште во четвртата минута од натпреварот, Македонката беше прецизна и по седум минути игра во вториот дел.