Дуел на титаните: Лукаку и Ибрахимовиќ се туркаа со глави, па се пцуеја на цел глас (ВИДЕО)

Првото полувреме од четвртфиналната пресметка од Купот на Италија помеѓу градските ривали Интер и Милан донесе голема борба и водство на „росонерите“ по голот на Златан Ибрахимовиќ во 31. минута, кој пред крајот на полувреме имаше физички контакт и вербален конфликт со Ромелу Лукаку.

Напаѓачите на двата тима прво влегоа во клинч со главите, а откако беа одвоени долго време се пцуеја на цел глас, нешто што можеше да се слушне дури и во директниот пренос. Белгиецот наводни збеснал зошто ривалот му ја спонал мајката, а потоа му се обратил со зборовите „ќе те е*ам и тебе и жена ти“. За тоа двајцата беа „наградени“ со жолти картони.

Токму ова му се одмазди на Ибрахимовиќ во второто полувреме, кога пред истекот на еден час игра го доби и вториот жолт картон по што мораше предвреме да замине на туширање во соблекувалната.