
Драма на „Монжуик“: Барселона со гол од пенал во 97. минута до победа! (ВИДЕО)
Во првото полувреме видовме два погодоци по еден на двете страни и тоа во период од само три минути. Барселона прва дојде до водство со голот на Торес во 12. минута, но Селта веќе во 15-тата минута дојде до израмнување на 1-1.
Вториот дел донесе многу повеќе возбудувања. Иглесијас постигна втор гол во 52. минута, а десет минути подоцна стигна и до хет-трик за предност на Селта од 1-3.
Барселона не се откажа и во наредните шест минути преку Олмо и Рафиња дојде до 3-3.
Вистинска драма гледавме во судиското продолжение кога каталонскиот гигант доби пенал кој во гол го претвори Рафиња за важни три бода во битката за титулата во Ла Лига.