Драконска казна: Репрезентативецот Димитриевски повеќе нема да брани во 2020 година (ВИДЕО)

Голманот на македонската репрезентација, Столе Димитриевски, подолго време принудно ќе биде надвор од првиот тим на Рајо Валјекано, откако доби суспензија од четири натпревари поради црвениот картон добиен во неодамнешната пресметка против Леганес.

Димитриевски поради реакција кон судијата, во само неколку секунди, доби два жолти картони и апсурдно исклучување. Според главниот судија, македонскиот голман, наводно, кон него испратил навредливи зборови поради што му го доделил вториот жолт картон, веднаш откако претходно доби жолт картон поради реакција за една некоректна одлука на делителите на правдата.

 

 

Димитриевски поради казната ќе ги пропушти мечевите против Логроњес, Лас Палмас, Жирона и Алкоркон. Тој ќе биде надвор од терените до 10. јануари и мечот против Мирандес.