
Дортмунд го загуби дербито: Баерн чекор поблиску до титулата! (ВИДЕО)
Џошуа Кимих во 43. минута го отвори резултатот на прекрасен начин, откако испрати еден маестрален удар кон голот на Дортмунд и успеа да го совлада Роман Бурки, кој немаше шанси да одбрани.
„Милионерите“ играат многу добро во текот на целиот меч, но и во второто полувреме кога создадоа неколку шанси, но не ги искористија, по што стигна и стативата од страна на Роберт Левандовски. Сепак, мрежите останаа да мируваат до крајот и резултатот остсана 1-0 за Баерн Минхен.
Баерн е прв на табелата со 64 бодови, Дортмунд има 57, Лајпциг е третопласиран со 54, по што следи Баер Леверкузен со 53 и Борусија Менхенгладбах со 52.