Доказот зошто Мбапе може да биде и подобар од Меси и Роналдо (ФОТО)

Килијан Мбапе, суперѕвездата на француски Пари Сен Жермен веќе две години е сензација во светскиот фудбал, на кого му се предвидува фантастична кариера на ниво на двајцата најдобри фудбалери на светот – Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

Французинот, кој на 19 години стана и светски првак и веќе е незамелнил во селекцијата на „триколорите“ на оваа тинејџерска возраст веќе ги надмина двете најголеми имиња во светскиот фудбал и за тоа на најдобар начин го покажуваат бројките.

Мбапе со само 20 години веќе има 94 гола на клупски и репрезентативен план, што е повеќе од ефектот заедно на Меси и Роналдо до 21 година. Меси на 21 година имал 50 гола на клупски и репрезентативен план, а Роналдо само 35. Или заедно 85.

Мбапе лани во Русија стана најмладиот фудбалер после Пеле кој дал два гола на меч на еден Мундијал, како и најмлад кој дал гол во финале после бразилската легенда. Со хет-трикот против Монако стигна да биде еден од најмладите фудбалерт со 30 гола во сезона.