Диселдорф го уништи Бохум и дојде на чекор од Бундеслигата

Фортуна Диселдорф вечерва славеше со 3-0 против Бохум во првиот меч од баражот за место во германската Бундеслига.

Дуелот почна со несреќен автогол на Хофман во 13. минута и предност на Диселдорф, која беше зголемена на 2-0 во 64. минута од страна на Клаус.

Бохум имаше свои шанси, но не ги искористи, а нова казна пристигна во 72. минута кога Енгелхарт погоди за конечни 3-0.

Реваншот меѓу Бохум и Диселдорф е закажан на 27 мај.