Димитриевски три пати совладан, Жирона им се врати на победите (ВИДЕО)

По три кола без триумф, екипата на Жирона вечерва го совлада Рајо Ваљекано и ја задржа втората позиција на табелата на која привремено се најде Барселона.

Каталонскиот тим славеше со 3-0, но до почетокот на судиското продолжение натпреварот беше отворен, а Жирона имаше минимално водство. Циганков прв го совлада Столе Димитриевски во 52. минута, а во 91. и 96. минута погоди Савио за конечен убедлив триумф на Жирона.

И со новиот тренер, Рајо Ваљекано не може да дојде до победа, а вечерашниот меч беше шести во низа на кој не успеа да триумфира. Последен пат Рајо славеше на 2 јануари на гостувањето кај Гетафе, со 2-0.