Димитриевски и Рајо ќе играат против Мајорка, тежок противник за Реал Мадрид

Шпанската фудбалска федерација ја одржа ждрепката за четвртфиналните натпревари во Купот, па така македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски заедно со Рајо Валјекано дозна дека ќе игра со еден од најлошите тимови во Ла Лига, додека лидерот Реал Мадрид ќе се соочи против тимот кој вчера ја изненади Барселона.

Атлетик Билбао на домашен терен ќе се обиде да направи ново изненадување, и тоа против Реал Мадрид, но во прилог не им одат резултатите против „кралевите“ кои на последните три меча триумфираа дури три пати.

Димитриевски заедно со Рајо Валјекано ќе се соочи против Мајорка, која е пред зоната за испаѓање од Ла Лига, додека во останатите натпревари ќе се соочат Реал Сосиедад и Бетис, односно Валенсија и Кадиз.