Ди Марија вчера блесна на дебито за Јувентус, па сега ќе паузира – десет дена!

Аргентинската ѕвезда Анхел Ди Марија, кој летово од ПСЖ се пресели во Јувентус како слободен играч имаше синоќа блескаво деби со гол и асистенција во стартната калчолигашка победа во новата сезона, но после нешто повеќе од еден час се повреди.

Ди Марија заработи повреда на адукторот, која за среќа не е од потешка природа, но офанзивното крило сепак ќе мора на привремена пауза, а „старата дама“ објави дека Аргентинецот ќе биде во аут во следните десет дена.

Во Торино стравуваа да не станува збор за потешка повреда, но деталните лекарски прегледи покажале дека не е ништо страшно, ама сепак Ди Марија ќе го прескокне следниот меч за „старата дама“.