Дербито на дното во Премиерлигата за ВБА (ВИДЕО)

ВБА го совлада Шефилд јунајтед со минимални 1-0 во дербито на дното на табелата во Премиерлигата. 

До овој натпревар двете екипи беа единствените без победа во англиската елита, но тимот од Бирмингам е тој што конечно го „скрши мразот“ и тоа во 10.коло. Шефилд ќе почека уште малку на премиерната победа сезонава.

Стрелец на победничкиот гол за ВБА беше 20-годишниот Конор Галагер уште во 13-тата минута.

Со овие три бода ВБА веднаш излезе од опасната зона и сега со шест бодови е на 17.место, додека Шефилд останува последен со само 1 бод од 10 натпревари.