Дерби го ослободи Лампард од тренинг за да ги заврши преговорите со Челси

Дерби го ослободи Френк Лампард од тренинг за да може да ги заврши преговорите со Челси, кој му ја нуди тренерската позиција на „Стемфорд бриџ“.

Лампард нема да биде на тренинг со фудбалерите на Дерби во понеделник и вторник, а токму тогаш се очекува тој да биде претставен во лондонскиот гигант.

„Првите денови од подготовките за сезоната ќе бидат фокусирани на фитнес и ќе продолжат без Лампард“, пишува во соопштението на клубот.

Лампард во кариерата одигра 648 меча за Челси, а притоа освои 11 трофеи.