Деби од бајките на тинејџер од 16 години – првпат влезе и даде гол по само 10 секунди (ВИДЕО)
Кадетскиот португалски репрезентативец, кој до овој натпревар немаше ниту настап ниту седење на клупата на првиот тим на Ланс, доби шанса десетина минути пред крајот од тренерот Пјер Саж. Со вториот контакт со топката веднаш се запиша меѓу стрелците и му донесе огромна победа на својот тим. Погодокот воедно значеше и голем удар за Нант, кој со поразот практично испадна во Лига 2.
Ланс претходно имаше и два поништени гола, поради офсајд и играње со рака, но сепак успеа да стигне до триумфот. Во акцијата за голот асистираше 19-годишниот црногорски фудбалер, Андрија Булатовиќ, кој во пад успеа да му ја додаде топката на Соареш. Иако ПСЖ и понатаму е фаворит за титулата со три бода повеќе и натпревар помалку, Ланс сè уште ја одржува надежта за сензационален финиш на сезоната. Тимот ќе има можност и за трофеј во финалето на Купот на Франција против Мица.
Младиот херој, инаку, е син на поранешниот фудбалер на Ланс, Валид Меслуб, кој настапуваше за клубот од 2018 до 2020 година.
ФОТО: X / @RCLens