Дебакл на Милан од Аталанта, Интер не го искористи подарокот (ВИДЕО)

Актуелниот калчолигашки лидер Милан доживеа вечерва вистински дебакл на свој терен откако Аталанта им нанесе најтежок пораз сезонава победувајќи со 3-0 на „Сан Сиро“, но овој подарок не успеа да го искористи градскиот ривал на „росонерите“ Интер, кој немаше муниција и одигра реми без голови против Удинезе на гости.

Кристијан Ромеро на средина од првиот дем ил го најави шокот на лидерите, а потоа асистираше за третиот гол на Дуван Запата во 77-та минута, откако претходно Јосип Иличиќ од пенал во 53-та практично ја обезбеди победата, по која миланскиот великан ќе остане прв, откако Интер освои само бод во Удине.

„Нераѕурите“ ремизираа без голови и сега само за бод ја намалија предноста на Милан и се најдоа на минус два од градскиот ривал во меч на кој македонскиот репрезентативец Илија Несторовски го отседе мечот на клупата за резерви.

Милан има 43 бода од 19 меча, а Интер 41 од исто толку натпревари, на на двата кикса на миланските клубот најмногу ќе се радува Јувентус, кој сега има шанса да ја намали предноста зашто е моментно шести со 33 бода, но после 17 одиграни меча. Рома со денешниот триумф е трета со 37 бода, а Аталанта со оваа победа на „Сан Сиро“ е четврта со 36, додека Наполи со 34 од 17 меча е петопласиран.