Де Лихт (не)намерно „откри“ каде сака да ја продолжи кариерата!?

Младиот дефанзивец Матијас де Лихт во наредните денови треба да соопшти каде ќе ја продолжи својата кариера, откако претходно привлече интерес на многу европски гиганти со своите настапи во Ајакс.

Италијанските медиуми неколку дена пишуваат дека Де Лихт ќе се пресели во Јувентус, а на некој начин потврда за такво нешто даде и самиот фудбалер.

„Многу се одвиваат брзо работите. Во текот на сезоната во клубот игравме неколку натпреварувања и немав време да размислувам. Сега кога сум со пријателите зборувавме за многу работи. Дојдов до заклучок дека секогаш сакав да бидам Кристијано Роналдо кога игравме фудбал како деца. Посебно додека тој беше во Јунајтед. Дури и мојот прв дрес беше со Роналдо. Најспецијална вечер во животот ми е средбата со него на мечот против Јуве“, вели Де Лихт.