
Чурлинов со Барнли во осминафинале на ФА-Купот со гол во 94-та минута
Откако во првиот меч во Ипсвич одиграа реми без голови, Барнли кој е убедлив лидер во Чемпионшип и на вистински пат за враќање во Премиерлигата, долго време се мачеше да го скрши противникот, па успеа во долгото судиско надополнување да дојде до триумфот. Претходно Тела даде гол уште во првата минута, а Хирст израмни во третата и сѐ до надополнувањето мрежите мируваа, а Чурлинов во игра влезе во 70-та минута на местото на Витињо.
Барнли во следната рунда ќе игра со Флитвуд кој денеска со 1-0 го победи Шефилд Венздеј, па тимот на Чурлинов има извонредна шанса и за четвртфинале во најстарото натпреварување на Островот.
Во другите два преиграни мечеви, Гримсби со 3-0 славеше против Лутон, а Шефилд јунајтед со 3-1 против Врексам.