Чурлинов пак го напушти Барнли и оди на позајмица во шампионот на Полска (ФОТО)
Негов нов тим е шампионот на Полска, Јагиелонија каде ќе настапува како позајмен играч од Барнли. Тоа е негова втора позајмица годинава откако претходната сезона помина шест месеци во тимот на Шалке. Со тоа продолжува и неговата интернационална кариера откако претходно настапуваше во Келн и Штутгарт.
Јагиелонија минатата сезона првпат стана шампион на Полска, во драматичниот финиш од сезоната во кој заврши со ист број бодови како второпласираниот Шљонск (63). Одлучи билансот во меѓусебните дуели имајќи предвид дека Јагиелонија победи со 3-1, а загуби со 1-2. Екипата игра во квалификациите за Лигата на шампионите и вечерва ќе се сретне со Бодо од Норвешка. Ако излезе како победник од двомечот, во следната фаза противник на Јагиелонија ќе биде Црвена Звезда.