Чудо во Премиерлигата: Првпат после 2010 година немало толку Англичани во стартни тимови!

Во претходните години на Островот имаше многу малку англиски фудбалери, поради што страдаше и репрезентацијата, но стартот на новата сезона покажува дека ситуацијата се менува.

И понатаму клубовите од Премиерлигата ќе продолжат да трошат многу пари на фудбалери од Шпанија, Франција, Германија, Бразил и други земји, меѓутоа конечно ќе се посветат и на Англичаните.

Премиерлигата во соопштението одржано по првото коло од Премиерлигата извести дека во стартните тимови имало дури 83 англиски фудбалери, од вкупно 220, што е најмногу од стартот на сезоната 2010/11.

Посебно беше забележан мечот меѓу Манчестер јунајтед и Челси (4-0), зашто дури осум фудбалери на Англија беа на теренот.