Човек или машина: Ибрахимовиќ вчера тренирал пет часа во „Миланело“ - повреден

Златан Ибрахимовиќ во неделата навечер се повреди за време на дербито помеѓу Наполи и Милан. Предвреме го напушти натпреварот поради повреда на задната ложа. 

Медицинските прегледи покажаа дека Швеѓанецот ќе пропушти три недели за да се рехабилитира од повредата. Интересно е тоа што италијанските медиуми открија дека Ибрахимовиќ воопшто не планира да одмора, односно да седи дома без тренинг.

Тој вчера минал цели пет часа во тренинг-центарот на клубот „Миланело“. Прво примал терепии за повредата, па со часови во теретана. Сега веројатно на сите им е појасно како со 39 години е најдобар стрелец во Серија А со 10 голови од само шест натпревари.