
Четирите правила на Алегри со кои воведе ред во Милан и донесе победи!
По киксот на отворањето на новата сезона, Милан врза четири победи без да прими гол, па пристигнуваат многу пофалби за Макс Алегри.
Стратегот добива заслуги и за играта, но и за случувањата зад сцената, каде имплементирал четири правила.
Како што пренесува „Кориере дела Сера“, сите треба да зборуваат на италијански јазик, во кантината сите јадат на една маса, има посебен дрес-код за гостинските натпревари и задолжителен карантин пред натпреварите.
За правилото дека сите треба да зборуваат италијански, и од претходно на ова има инсистирано Ибрахимовиќ, целта не е само сите подобро да се разбираат на теренот, туку и да знаеш да го разбереш противникот и судијата.
Тоа што сите јадат на една маса во кантината, спречува групирање и формирање на кланови како во минатото.
Дрес-кодот за гостувањата важи за цела експедиција, не само за фудбалерите, сите мора да бидат облечени во официјална облека на клубот – сако и вратоврска. Ова не е само поради стил, туку и како порака за единство и припадност.
„Кориере дела Сера“ додава дека ова е враќање на духот на „стариот Милан“ од времето на Берлускони.