
Ждрепка: Ѓоковиќ ќе го чека Синер во полуфиналето на „Сикс Кингс Слем“
На „Сикс Кингс Слем“ кој веќе станува традиција, учествуваат шесте најдобри тенисери. Лани триумфираше Јаник Синер.
Во овогодинешната ждрепка повластен статус имаа Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз кои имаат директно место во полуфиналето.
Ѓоковиќ за противник ќе го чека победникот од дуелот меѓу Јаник Синер и Стефанос Циципас, додека Алкараз ќе игра со подобриот од пресметката меѓу Александер Зверев и Тејлор Фриц.
Турнирот се игра од 15 до 18 октомври.