Четири бундеслигаши решија на чуден начин ги спасат своите ривали!

Во време кога епидемијата на коронавирус прави сериозни проблеми, неколку фудбалски гиганти во Германија решија да донираат парични средства за останатите клубови во првата и втората лига.

Имено, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Лајпциг и Баер Леверкузен донираа 20 милиони евра како поддршка за тимовите, а заедно со парите од Федерација, како ТВ-права, овој износ изнесува вкупно 65 милиони, фонд кој ќе биде распределен за клубовите кои се финансиски осакатени поради коронавирусот.

Биндес лигата моментно е прекината и не се знае дали сезоната ќе биде продолжена.