Челси со пресврт го совлада Лидс за да преноќи како лидер (ВИДЕО)

Челси е нов привремен лидер во Премиерлигата, барем до утре, откако вечерва со 3-1 го совлада Лидс јунајтед во рамки на 11.коло. 

Гостите први поведоа преку поранешниот младинец на Челси, Патрик Бамфрод уште во 4.минута. Оливие Жиру го израмни резултатот во 27-та минута и ја продолжи добрата голгетерска форма. Пресвртот го најави Курт Зума, кој погоди со глава по корнерот на Мејсон Маунт по еден час игра. Точка на триумфот стави Кристијан Пулишиќ во третата минута од судиското продолжение на натпреварот. 

Македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски играше во првиот тим за гостите, но во 69.минута му го отстапи местото на напаѓачот Родриго Морено.

Челси со овие три бод е лидер на табелата со 22 бодови, еден повеќе од Ливерпул и Тотнем, кои утре ги играат своите натпревари од оваа рунда.