Челси подготвен да му понуди богатство на Милан за Донарума

Милан ќе има сериозен проблем да го задржи Џанлуиџи Донарума во своите редови, бидејќи неговиот договор истекува во јуни 2021 година, а барем засега нема прогрес во преговорите за продолжување на соработката.

Проблем за „росонерите“ сега е фактот што Челси „флертува“ со Донарума преку неговиот агент Мино Рајола. Менаџерот на „сините“, Френк Лампард летово планира да го продаде Кепа Аризабалага, па во Италијанецот гледа негова идеална замена.

Челси е подготвен да плати 60 милиони евра за 21-годишниот чувар на мрежата, кој дебитираше за Милан на само 16 години. Премиерлигашот му нуди и еден милион евра поголема плата на Донарума, од сегашните седум милиони што ги заработува на „Сан Сиро“.

Италијанскиот тим можеби ќе биде расположен за продажба, бидејќи ќе заработи голема сума на пари, а во своите редови има уште еден исклучително талентиран млад голман, Алесандро Плицари.

Се работи за млад италијански репрезентативец, кој моментално е на позајмица во Ливорно во Серија Б и импресионира со своите настапи.