Челси не успеа да го продаде: Чилвел добива шанса кај Мареска

Англискиот гигант Челси повторно беше активен во летниот преоден рок, но не му се остварија плановите за продажба на дел од фудбалерите.

Бен Чилвел беше во немилост на тренерот Енцо Мареска и требаше да замине од „Стемфорд бриџ“, но лондонскиот тим не успеа да му пронајде нова екипа.

Мареска немаше друг избор и мораше да го вклучи во првиот тим на „сините“ со цел да создаде конкуренција на Марк Кукуреља, кој не игра најдобро во дресот на премиерлигашот.