Челси купува уште две ѕвезди со 120 милиони евра за совршено лето

Освојувачот на Светското клупско првенство, Челси планира да купи уште две засилувања до крајот на летниот преоден рок, а тоа се Чави Симонс од Лајпциг и Алехандро Гарначо од Манчестер јунајтед.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Челси најпрво сака да го комплетира трансферот на Симонс, кој ќе изнесува најверојатно околу 70 милиони евра, по што до крајот на август ќе се обиде да го договори и Гарначо за 50 милиони евра.

„Сините“, сепак, во следниот период ќе мора да продадат и дел од фудбалерите за да ослободат простор и буџет за новите засилувања.

На листата за отстрел од „Стемфорд бриџ“ се Тајрик Џорџ, Кристофер Нкунку, Рахим Стерлинг, Николас Џексон и други фудбалери.

Фото: Facebook/Chelsea FC