Чави останува во Барса, па Ајакс си најде нов тренер

Поранешниот менаџер на Челси, Грем Потер е најблиску до тренерската позиција во Ајакс, тврдат медиумите во Англија.

Местото беше резервирано за Чави Ернандез за кого до вчера се сметаше дека си оди од Барселона, но во последен момент работите се сменија и клубот од Амстердам најде алтернатива за него. Потер до неодамна се спомнуваше како можен наследник на Ерик Тен Хаг во Манчестер Јунајтед, но работите не излегоа како што се очекуваше и тој најверојатно ќе се пресели во Амстердам.

Тој е без ангажман точно една година откако во април 2023 доби отказ од менаџерската функција во Челси.