Чави на чекор до нов договор – останува во Барса до 2026 година

Актуелниот кормилар на Барселона и легенда на клубот Чави Ернандез е на чекор до потпис на нов договор со Каталонците со кој ќе остане кормилар до 2026 година.

Новинарот на каталонски „Спорт“, Давид Бернабеу Ревертер објави дека Чави и првиот човек на клубот Лапорта веќе ги договориле најзначајните детали и само сотануваат формалностите за да се официјализира соработката и заедно да продолжат во изградбата на новиот тим која веќе е започната, но ќе продолжи во следниот период, за да се врати славата пред сѐ на европската сцена каде Барса веќе неколку години не е конкурентна.

Чави дојде во Барселона како наследник на Роналд Куман и се зафати со работа за да изгради нов тим што ќе доминира, а основа беше сите најголеми таленти да се задржат, а екипата да се дополнува со квалитетни засилувања и полека да се изгради препознатливиот стил со кој ќе доминира на мечевите.

Сезонава Чави ја врати по три години пауза титулата во Ла Лига.