Чави ќе биде новиот тренер на Барслеона: Веќе ги даде и првите инструкции

Дојде моментот кога легендата на Барселона, Чави ќе се врати во клубот и тоа како вистински спасител. 

Роналд Куман синоќа доби отказ од клупата на каталонскиот гигант по поразот од Рајо Валјекано во рамки на Ла Лига, а клубот падна дури на 9.место на табелата. Претседателот Жоан Лапорта повеќе не можеше да ги истрпи лошите резултати и му врачи отказ на Холанѓанецот, кој важи за клупска легенда.

Сега шпекулациите во шпанските медиуми велат дека Чави е пред преземање на тренерската позиција. Поранешниот капитен на клубот наводно уште синоќа разговарал со Лапорта и се согласил да се врати во клубот и да се обиде да го извади од кризата.

Некои новинари дури тврдат дека Чави ги кажал и првите инструкции, односно инсистирал челниците на клубот да направат сè за да го задржат Усман Дембеле во тимот, чиј договор истекува во јуни. Тој исто така побарал во јануари клубот да му донесе две големи засилувања, а тоа се стоперот на Севилја, Жил Кунде и крилниот напаѓач на Манчестер сити, Рахим Стерлинг. 

Шпанецот моментално е тренер на Ал Саад од Катар, но во неговиот договор има клаузула, која му дозволува да ја напушти клупата доколку добие понуда од Барселона.