Бунт во Мадрид: Тројца фудбалери сакаат да го напуштат Реал!

Шпанските медиуми пишуваат дека постојат проблеми во соблекувалната на Реал Мадрид. Наводно, три ѕвезди на тимот не се задоволни со минутажата која ја добиваат од тренерот Карло Анчелоти, а тоа се Марко Асенсио, Иско и Марсело.

Асенсио одби неколку понуди минатото лето за да остане во Мадрид, но не знаеше дека ќе биде во втор план кај Анчелоти, па сезонава одигра само 68 минути.

Марсело одигра само две минути и е во сенка на Давид Алаба и Ферланд Менди, па Бразилецот сака да го напушти клубот, но тоа ќе биде тешко поради неговата висока плата.

Иско претходно се поврзуваше со Милан и уште неколку тимови, но и тој остана со надеж дека ќе добие поголема минутажа, но не доби ништо повеќе од 139 минути на четири натпревари.

Реал Мадрид во моментов е на првата позиција во Ла Лига со 13 бодови, додека во Лига на шампиони во првото коло од групната фаза славеше со 1-0 против Интер.