Бундеслигата никогаш понеизвесна: Шалке го победи Менхенгладбах и се приклучи кон врвот (ВИДЕО)

Со натпреварот од 18-то коло помеѓу Шалке и Борусија Менхенгладбах стартуваше втората полусезона во Бундеслигата.

Натпреварот во Гелзенкирхен заврши со победа од 2-0 на домаќините, со што се приклучија во борбата за самиот врв на табелата.

Двата гола на овој натпревар беа забележани во второто полувреме, а Шалке поведе во 48-та минута со брилијантиот гол на Сердар. Десет минути по првиот гол, следуваше одлична акција на домашната екипа, а Грегорич реализираше за 2-0.

Гостите се обидоа да постигнат гол за да се вратат на овој натпревар, но не успеаја да го направат тоа.

Шалке со победа има 33 поени и е на само четири бода зад првопласираниот Лајпциг.