Бројките велат: Реал Мадрид сезонава не може без Мбапе
Имено, Реал Мадрид од почетокот на сезонанта вкупно постигна 32 гола, а дури 16, половина се дело на Мбапе. Покрај погодоците, Французинот има и уште четири асистенции, па така директно бил вклучен и во повеќе од половина погодоци на „кралевите“.
Втор стрелц далеку зад него е Бразилецот Винисиус Жуниор кој сезонава има пет гола и четири асистенции.
За разлика од Реал Мадрид, Барселона нема фудбалер од кој толку многу зависи сезонава бидејќи најдобар стрелец е Феран Торес со 11 гола, Левандовски е на осум, а Јамал е трет стрелец со шест погодоци. Каталонците и се многу поефикасни од ривлаите од Мадрид бидејќи постигнаа вкупно 47 погодоци.