
Бројките не лажат: Модриќ со 40 години е еден од најдобрите во Серија А!
По заминувањето од Реал Мадрид многумина сметаа дека Модриќ треба да оди во САД или Саудиска Арабија, но Хрватот одлучи да остане на најголемата сцена и да продолжи да игра фудбал на највисоко ниво.
Италијанските медиуми ги објавија просечните оценки на играчите во Серија А во досегашниот дел од сезоната. А бројките велат дека Лука Модриќ е еден од најдобрите.
Хрватот го дели третото место со Маркус Турам од Интер, двајцата имаат просечна оценка од 6,88. Пред нив се само Кристијан Пулишиќ и Нико Паз кои имаат оценка од 7,00.
Милан во недела ќе има вистински тест, во вечерниот термин од 20:45 ќе го пречека актуелниот шампион, Наполи.