Братот на Пол Погба доби три години затвор!

Судот изрече затворски казни на шест лица, меѓу кои и братот на поранешниот француски репрезентативец Пол Погба, поради обид за изнуда.

Уште на почетокот на 2022 година Пол кажа дека бил жртва на обид за изнуда и закани од организирана криминална банда од негови пријатели и брат Матијас Погба.

Погба кажа дека исплатил 100.000 евра на криминалците, а судот ги прогласи за виновни, односно им изрече затворски казни.

Братот на Погба доби тригодишна затворска казна, додека останатите ќе останат зад решетки во период од три до осум години.