Бобан ќе мора да му врати 1,2 милиони евра на Милан

Хрватската легенда Звонимир Бобан ќе мора да му врати 1,2 милиони евра на својот поранешен клуб Милан, откако во желбената постапка го загуби спорот со „росонерите“ откако првично ја доби судската постапка за отштета.

Бобан ја доби тужбата после отказот во Милано каде беше директор на „росонерите“, па Милан му исплати 5,37 милиони евра од кои 4,15 милиони како материјална штета, а 1,25 милиони евра како нематеријална штета, плус камати и ревалоризација, 843 евра за трошоци и 51.450 евра за судски трошоци.

На оваа одлука Милан се жалеше, па сега судит таа жалба ја прифати и ја намали одлуката за финансиска отштета за 4,2 милиони евра, што значи Бобан, кој веќе ги доби парите ќе мора на својот поранешен клуб да му врати 1,2 милиони евра.

Тој доби отказ после едно интервју за „Газета дело Спорт“ во кое го нападна раководството на клубот, откако главниот директор Иван Газидис сакаше да го донесе Ралф Рангник за главен во спортскиот сектор, а тој, Паоло Малдини и актуелниот тренер Стефано Пиоли да си заминат