Бивш португалски репрезентативец претепан пред својот дом во Атина

Португалските фудбалер Рубен Семедо бил нападнат пред својот дом во Атина, откако тројца маскирани лица го нападнале поранешниот репрезентативец и неговиот пријател.

Нападот се случил околу 23.45 часот, а напаѓачите имале палки и успеале да го удрат фудбалерот на Олимпијакос по грб и едно рамо, додека неговиот пријател останал без заби.

Семедо неодамна заврши зад решетки поради насилство врз девојка, но тоа не е сè бидејќи против него се водеше истрага за силување на 17-годишна девојка.

Исто така, пред неколку години Семедо беше осуден на пет години условна казна и забранет му беше влез во Шпанија на осум години поради закана со оружје, насилство и грабеж врз бизнисмен.