Беше голема надеж на Реал Мадрид, а сега не може да си најде клуб

Лукас Силва во 2015 година пристигна на „Сантијаго Бернабеу“, па од него се очекуваше во следните години да го покаже својот талент.

По одличните настапи во бразилски Крузеиро, Силва беше прогласен за најдобар дефанзивен фудбалер за врска во бразилската лига.

Меѓутоа, по лошиот старт полека исчезна, па Реал прво го позајми на Олимпик Марсеј, кадешто не се прилагоди, по што требаше да биде позајмен на Спортинг Лисабон.

Но клубот од Лисабон го згуби интересот за него, поради тоа што Силва не го покажа својот квалитет во претходните години, па сега тој е слободен фудбалер откако го раскина договорот со клубот од Мадрид.