Бернардо Силва и Грилиш спречија нова бламажа на Сити (ВИДЕО)
Пеп Гвардиола имаше многу низа кадровски проблеми, меѓу другото не можеше да смета ни на Ерлинг Халанд, но ситуацијата во второто полувреме ја спасија Бернанрдо Силва и Грилиш кои од 62. до 65. минута постигнаа по еден гол и се погрижија за пресврт и победа. Лутон го заврши првиот дел со предност од 1-0, благодарение на погодокот на Адебајо во судиското продолжение.
На другите два меча од Премиер лигата што се играа попладнево, Фулам го прегази градскиот ривал Вест Хем со 5-0, а Евертон славеше против Челси со 2-0. За „карамелите“, тоа беше трета победа во низа и четврта во последните пет кола со што се одлепи од зоната за испаѓање по казната од десет бода.