Бејл се инаети: Не одам никаде!

Велшкиот репрезентативец Герет Бејл е непожелен на „Сантијаго Бернабе“, но тој не планира да си замине и да се повлече без борба. Мадристите скоро на секој натпревар му свират на крилниот фудбалер.

Навивачите се искрени и сакаат Бејл да го напушти Мадрид, што не може да се каже за старо – новиот тренер на „Кралевите“, Зинедин Зидан, кој како да не знае што сака да направи со Велшанецот, како да му е потполно сеедно дали ќе остане или ќе си замине. Сепак, не е тајна дека двајцата не се во најдобри односи.

Еден од најтиражните шпански весници „АС“ тврди дека Бејл преку својот агент го известил Флорентино Перез за одлуката да остане во Мадрид, а неговиот договор истекува следното лето. Се уште актуелниот европски шампион е во незавидна ситуација и ќе мора брзо да реагира ако не сака Велшанецот да си замине како слободен играч.