Барселона за малку не го купила Гризман летово

Откако каталонскиот гигант Барселона беше под голем притисок да најде соодветно засилување како замена за Нејмар, кој за светски рекорден трансфер летово замина во ПСЖ (222 милиони евра), во послендиот ден од преодниот рок Барса била на чекор да го купи Ентоан Гризман, ѕвездата на Атлетико Мадрид, но трансферот пропаднал

Според „Мундо Депортиво“, Барселона понудила повеќе од 150 милиони евра за Гризман, ама Французинот не заврши на „Камп Ноу“ и сега се најавува дека во јануари, Каталонците повторно ќе го одврзат ќесето за да го донесат во своите редови. Лионел Меси бил тој што ургирал кај упавата да се ангажира Гризман, ама сето тоа завршило без успех.

Барселона летово не успеа да го купи Фелипе Кутињо, кој им беше прва цел, откако Ливерпул неколкупати ги одби понудите. Од друга страна, за Гризман сериозно беше заинтереиран да го земе Манчестер јунајтед, но тој трансфер пропадна веднаш затоа што мадриѓаните поради забраната за трансфери не можеа да најдат негова замена.

Каталонците летово го купија Осман Дембеле за речиси 150 милиони евра сосе бонуси за Борусија Дортмунд, но младата француска ѕвезда се повреди и сега Барса остана без неговите услуги.