Барселона скапо ја плати грешката на Тер Штеген, Атлетико го доби големото дерби! (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид славеше во големото дерби против жестокиот ривал Барселона со 1-0 на „Ванда Метрополитано“ во 10. коло од шпанската Ла Лига.

Избраниците на Диего Симеоне постигнаа гол за водство во финишот на првото полувреме, откако голманот на Барселона, Марк Андре Тер Штеген направи огромна глупост и излета во празно, а тоа го казни Јаник Караско.

Во второто полувреме имаше по неколку шанси на двете страни, а Барселона беше блиску до израмнување, но не успеа во нивната намера затоа што Јан Облак беше неверојатен на голот на Атлетико.

Атлетико Мадрид во моментов има 20 бодови и се наоѓа на делба на првата позиција со Реал Сосиедад, додека Барселона е на 10. позиција со 11 бодови.