Барселона не се предава, злато вреден гол на Луис Суарез (ВИДЕО)

Екипата на Барселона игра очајно по паузата која настана поради коронавирусот, а тоа најдобро се забележа и на вечерашниот натпревар против Еспањол, иако дојде до победата на овој дуел со голот на Луис Суарез во 56. минута.

По лошото прво полувреме, каде љубителите на фудбалот речиси и ништо не видоа, на стартот од вториот дел прво поцрвенеа Ансу Фати и Лозано, по грубите стартови, а потоа Суарез му донесе водство на каталонскиот гигант, гол кој на крајот значеше и победа.

Сега, Барселона е на бод помалку во однос на Реал Мадрид, но и натпревар повеќе. Кралевите својот меч од ова коло ќе го одиграат во петок, кога ќе го пречекаат Алавес.