Кунг-фу потег за црвен картон на Фати, исклучување за Лозано, па водство на Барселона (ВИДЕО)

Во само шест минути се случија еден куп работи на теренот на натпреварот помеѓу Барселона и Еспањол.

Прво Ансу Фати доби црвен картон во 50. минута по еден кунг-фу потег, а две минути подоцна Пол Лозано предвреме замина во соблекувалната, откако го нагази противничкиот играч. Откако силите се израмнија на теренот, Барселона поведе во 56. минута со голот на Луис Суарез.