Барселона испратила понуда тешка 300 милиони евра за Нејмар и – ПСЖ ја одбил!?

Шпанскиот шампион Барселона испратила мега-понуда до француски Пари Сен Жермен за да го врати Нејмар две години откако Бразилецот за светски рекорден трансфер вреден 222 милиони евра „избега“ во француската престолнина, но „светците“ експресно ја одбиле, иако била тешка вкупно 300 милиони.

Весникот „АС“ ексклузивно објави дека ПСЖ не бил задоволен од понудата, без оглед што за 80 милиони евра ја надминува вредноста на Нејмар која парискиот клуб ја плати во август 2017 година. Наводно, Барселона за Нејмар ги понудила Фелипе Кутињо, Осман Демпеле и плус 40 милиони евра.

Кутињо во Барселона дојде за 145 милиони евра од Ливерпул, Дембеле на „Камп Ноу“ пристигна за 125 милиони од Борусија Дортмунд, а плус доплатата од 40 милиони евра практично ја прават целата понуда тешка неверојатни 310 милиони. Само проблем е што Насер Ал Келаифи и раководството не се задоволни од истата.

Наводно катарскиот газда бара од Барселона исплата во кеш и тоа над 222-та милиони што ги плати за да го доведе Нејмар. Проблем за Каталонците е што немаат пари, а ПСЖ не прифаќа фудбалери плус „ситен“ кеш за првата ѕвезда на тимот.

Нејмар веќе побара трансфер од ПСЖ, но парижаните стојат на ставот дека немаат намера да го продадат и дека ќе го казнат за секоја глупост што планира да ја направи за да издејствува заминување.