Барселона го откачи Перишиќ - бил многу стар!

Хрватскиот фудбалер Иван Перишиќ го напушта Хајдук Сплит, а како негова следна дестинација се споменува Барселона, но најверојатно такво нешто нема да се оствари.

„Диарио Спорт“ објави дека Барселона се откажала од идејата да го ангажира Перишиќ затоа што има 35 години и ќе бара помлад фудбалер на левата крилна позиција.

Каталонскиот гигант наводно ја следи ситуацијата со Луис Диаз од Ливерпул, откако им пропадна идејата да го купат Нико Вилијамс од Атлетик Билбао.