Барселона го договори Флик, Чави ќе добие отказ

По крајот на сезоната се очекува Чави да добие отказ, а нов тренер на Барселона да стане германскиот стратег, Ханси Флик.

Откако ќе заврши и последното коло во Ла Лига, Лапорта и Чави ќе имаат состанок. Се верува дека на тој состанок претседателот ќе му даде отказ на Чави, но не се исклучува можноста да се испеглаат недоразбирањата кои се јавија по спорните изјави на тренерот.

Во меѓувреме Барселона договори нов тренер, доколку Чави замине, на клупата ќе седне Ханси Флик.

Спортскиот директор на Барселона, Деко имаше состанок со Флик и неговиот агент. Разговорите кои се случуваа во Лондон, завршиле позитивно, со вербален договор меѓу двете страни.

Прогнозите се дека Флик ќе биде новиот тренер на Барселона, но треба да се почека да заврши сезоната, потоа сѐ ќе стане јасно.