Барди емотивно се збогува со Леванте (ФОТО)

Македонскиот фудбалер Енис Барди денеска го комплетираше трансферот во турскиот шампион Трабзонспор, откако си замина од Леванте по пет години поминати во шпанскиот тим.

Леванте беше важен дел од тимот на Леванте, а преку социјалните мрежи испрати емотивна порака до неговите поранешни колеги и навивачите на тимот.

„По пет години поминати во Леванте, денеска се збогувам со една од најубавите етапи во мојот живот како фудбалер со надеж дека ќе се видиме во иднина. Имам само убави зборови и се заблагодарувам до клубот за довербата во мене од самиот почеток и за незаборавните моменти кои ги доживеавме. Ви посакувам сè најдобро“, напиша Барди.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by BARDHI (@enisbardhi10)