Баерн направи од готово вересија: Волфсбург извлече реми (ВИДЕО)

По шест победи по ред во меѓусебните дуели, Волфсбург конечно успеа да го запре Баерн Минхен. „Баварците“ прокоцкаа водство од 2-0 и му дозволија на гостинот да им ги откине двата планирани бода. 

 Може да се каже дека Баерн Минхен не игра на потребното ниво за да ја одбрани титулата во Бундеслигата, а тоа го докажа и вечерва, особено во вторите 45 минути. По првото полувреме момците на Карло Анчелоти водеа со 2-0 благодарение на голот од пенал на Роберт Левандовски и оној на Арјен Робен. Сепак работите почнаа да одат во надолна линија откако Максимилијан Арндол погоди од слободен удар од огромна далечина и тоа благодарение на лошата интервенција на земената на Мануел Нојер на голот, Свен Улрајх. 

„Баварците“ и при 2-1 многу лесно можеа да го затворат натпреварот, но утнаа многу шанси. Затоа на спротивната страна во 82-та минута беа казнети од Даниел Дидави кој погоди со глава за 2-2.