Баерн му даде четири гола за 35 минути на Франкфурт (ВИДЕО)

Актуелниот германски шампион Баерн Минхен игра одлично против Ајнтрахт Франкфурт и води со 4-0 по 35 минути игра, а со ова најави уште една добра сезона за Баварците.

Џошуа Кимих во петтата минута го отвори резултатот, а потоа во листата на стрелци се запиша и Бенџамин Павар.

По голот на Павар следеше пауза од 18 минути, по што Садио Мане го постигна првиот гол во првенството во дресот на Баерн, а Џамал Мусиала во 35. минута стрелаше за 4-0.